Освен што повторно е рекордер во АБА лигата, со осум титули, Партизан вечерва дојде до голем јубилеј.
Трофејот во регионалното натпреварување е вкупно 50. во историјата на белградскиот клуб кој постои безмалку 80 години. Освен осумте пехари во АБА, Партизан е единствен српски клуб со титула во Евролигата (тогаш Куп на европски шампиони), а има и три трофеи во поранешниот Куп „Радивој Кораќ“, освоени во 1978, 1979 и 1989 година.
Во моментов Партизан води со 50-47 во освоени трофеи против својот најголем ривал Црвена Звезда, но од 2014 година, „црвено-белите“ имаат 23-6 и значително ја намалија негативата во однос на својот најголем ривал.


