Титулата во АБА лигата што синоќа ја освои Партизан очигледно тешко им падна на сите приврзаници и членови на Црвена Звезда, па некои од нив јавно ги покажаа фрустрациие од таквиот епилог.

Највулгарен беше фудбалерот на Црвена Звезда, Немања Радоњиќ кој преку социјалните мрежи жестоко го нападна тренерот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ, инаку освојувач на девет титули во Евролигата. Нејасно е што му пречеше синоќа на крилниот играч на Звезда, но тој прво го нарече Обрадовиќ „невиден лицемер“, а потоа ја продолжи преписката со навивачите на Партизан, иронично објаснувајќи им дека „редно е ‘најголемиот’ да освои нешто“.

Радоњиќ пред две недели имаше конфликт и со селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси кој на прес-конференција изјави дека фудбалерот има проблем со својата глава и ги уништува Звезда и репрезентацијата и затоа не го вика во националниот тим. Се разбира, Радоњиќ и на него му одговори преку социјалните мрежи.


