Новиот АБА шампион, Партизан од утре ќе се натпреварува во првенството на Србија, а иако амбициите таму не се големи, тимот мора да излезе на терен.
Жељко Обрадовиќ нема биде на клупата поради суспензијата од четири натпревари, добиена лани, па „црно-белите“ мораа да изберат нов тренер кој ќе ја води екипата. Можност да го замени деветкратниот европски шампион ја доби неговиот асистент Богдан Караичиќ кој од неодамна е назначен за селектор на Ерменија. Тренерската улога требаше да ја озвршува Александар Матовиќ, но во последен момент дојде до промена.
„Ќе се обидеме да бидеме најдобра верзија од себе. Се надевам дека ќе одиграме таков меч, дека и ние и навивачите ќе можеме да уживме во добра игра“, рече Караичиќ.
Партизан во полуфиналето од плејофот ќе се сретне со ФМП, а втората двојка ја сочинуваат Црвена Звезда и Спартак.


