Актуелниот српски шампион Црвена Звезда уште еднаш ги разочара своите навивачи откако вечерва доживеа пораз од Спартак во првиот полуфинален натпревар во домашниот плејоф.
Тимот од Суботица славеше во Пионир со 93-81 и в понеделник пред своите навивачи ќе има шанса да ја комплетира сензацијата и да се пласира во големото финале. Звезда дури може да биде среќна од конечниот исход ако се знае дека на седум минути пред крајот Спартак водеше и со 21 разлика (81-60).
Ова е уште еден дебакл за Црвена Звезда која пред две недели доживеа елиминација во полуфиналето од АБА лигата од Будуќност и не успеа да ја одбрани титулата во регионалното натпреварување.


