Триумфот во петтиот натпревар ѝ донесе водство на Оклахома со 3-2 против Индијана, а повторно еден од главните протагонисти беше Шеј Гилџес Александер.
Канаѓанецот остана во сенка на Џејлен Вилијамс, но сепак постигна 31 поен со шут од игра 9/18. Со ова, Гилџес Александер влезе во одбрано друштво на кошаркари кои најмалку на 15 натпревари во плејофот во една сезона постигнале барем 30 поени.
Во ова друштво се наоѓаат само уште тројца кошаркари: Мајкл Џордан (16 натпревари во 1992 година), Хаким Олајџувон (16 натпревари во 1995) и Коби Брајант (15 натпревари во 2009).
Гилџес Александер теоретски може да одигра уште два меча во годинашниот плејоф и ако се случи тоа, а тој на двата отиде на 30 поени, ќе го собори рекордот на Џордан и Олајџувон и ќе има 17 меча со 30+ сезонава.


