У18 репрезентацијата на Македонија вчера официјално ги почна подготовките за Европското првенство што ќе се одржи од 26 јули до 3 август.
Дел од кошаркарите тренираа и во текот на викендот, но вчера селекторот Горан Андреевски ја изврши прозивката на која се појавија речиси сите играчи што ги имаше на поширокиот список. Јуниорската репрезентација е единствена македонска која летово ќе настапи во А-дивизија и со тоа ќе има најтешка задача од сите кои ќе учествуваат на континенталните натпреварувања.
Главниот дел од подготовките, селекцијата ќе ги одржи во Скопје и тоа во арената „Борис Трајковски“ која нуди најдобри услови, а засега се планирани и четири пријателски натпревари. На 12 и 13 јули, јуниорите ќе гостуваат во Ботевград каде ќе се сретнат со Бугарија и Швајцарија, а една недела подоцна ќе одиграат два пријателски меча со Црна Гора во Подгорица. Во стручниот штаб, покрај селекторот, се уште Оливер Тасков, Митко Маринковски и Едо Имер.
На поширокиот список на селекторот Андреевски, се наоѓаат следните кошаркари:
Никола Јаничиќ – Водно Санс / Spire Academy
Дарјан Димовски – Водно Санс
Даниел Бутемер – Водно Санс
Сергеј Петровиќ – Водно Санс
Христијан Миленовиќ – Водно Санс
Филип Сребров – Водно Санс
Марко Бајалџиев – Водно Санс
Михајло Малиниќ – CBA Canaria
Ристе Букршлиев – Кожув
Жарко Терзиевски – Вардар
Илин Најков – Вардар
Лука Марјановиќ – Вардар
Дамјан Данев – Вардар
Григориј Ѓорѓевиќ – Вардар
Дамјан Стојаноски – Феникс 2010
Ѓорѓи Цветковски – Феникс 2010
Борјан Китановски – МЗТ Скопје Уни Банка / Rabun Gap
Кирил Петковски – МКК Куманово
Алексеј Нешовиќ – Работнички 2018
Стефан Сапроновски – Борец Баскет
Христијан Несторовски – Тиквеш Голден Игл


