Екипата на Партизан е втор финалист во српското првенство откако со 2-1 го совлада ФМП во полуфиналната серија.
„Црно-белите“ вечерва на домашен терен славеа со 90-80, а до триумфот вреден финале стигнаа со само осум кошаркари од кои половина родени 2007 и 2008 година: Митар Бошњаковиќ, Урош Мијаиловиќ, Ѓорѓе Шекуларац и Урош Даниловиќ. Тие не беа тука само за да ги пополнат местата. туку имаа голем придонес во играта, заедно постигнувајќи 38 поени од кои 15 реализира 17-годишниот Мијаиловиќ.
Од поискусните, во составот беа само Копривица, Накиќ, Лакиќ и Мајк, а на клупата останаа Бонга и Маринковиќ.
Во финалето, Партизан ќе се сретне со Спартак и ќе се бори за својата прва шампионска титула по пауза од 11 години.


