Легендарниот српски кошаркар Владе Дивац доживеал скршеница на колкот по сообраќајна несреќа што ја доживеал синоќа во Црна Гора.
Несреќата се случила во близина на Луштица каде што Дивац паднал од мотор. По падот, тој не можел да се исправи, па била повикана итна медицинска помош и Дивац веднаш бил хоспитализиран и опериран при што му е вграден вештачки колк.
Дивац години наназад ги поминува своите летни одмори во Црна Гора каде има и свој имот.


