Суперѕвездата на Оклахома Сити Тандер покажа дека сите индивидуални признанија што ги освои оваа сезона не биле случајни и дека заслужи се што му се случи во овие осум месеци.
Сосема очекувано беше прогласен за МВП на финалната серија против Индијана Пејсерс, а со тоа влезе во одбрано друштво во кое досега беа само уште Карим Абдул Џабар, Мајкл Џордан и Шекил Онил. Тие се единствени четворица кошаркари во историјата на НБА кои во иста сезона биле прогласени за МВП на основниот дел и на финалната серија и покрај тоа завршиле како најдобри стрелци во лигата, а нормално, ја освоиле и шампионската титула.
Такво нешто не му успеа ни на Никола Јокиќ кој три пати го освојуваше признанието за МВП на сезоната, но не и таа сезона кога Денвер Нагетс стана шампион на НБА.


