Откако вчера го трејдуваше Кевин Дурант во Хјустон, Феникс Санс донесе уште неколку интересни одлуки, меѓу кои и таа да се откаже од српскиот плејмејкер Василије Мициќ.
Франшизата од Аризона ќе го откупи остатокот од договорот на искусниот плејмејкер што на Мициќ ќе му донесе 8,1 милиони долари и ќе му овозможи сам да си бира каде ќе ја продолжи кариерата. Целата работа треба да биде завршена најдоцна до недела по што ќе се знае следниот потег на Мициќ.
Најверојатно решение за него е да се врати во европската кошарка бидејќи „пола“ евролигашки клубови покажаа интерес да го донесат во своите редови. Откако во февруари беше трејдуван од Шарлот во Феникс, Мициќ одигра само пет натпревари во НБА лигата.


