У20 репрезентацијата на Македонија го победи Косово во еден од двата подготвителни дуели со оваа селекција.
Во Скопје, нашите кошаркари беа подобри со 71-59, пред се благодарение на одличната игра во последната четвртина во која примија само шест поени. Косово со предност го заврши првото полувреме (39-36), во третиот период Македонија ја анулира негативата, а финалните десет минути ги доби со 16-6 за важен триумф за кревање на самодовербата.
Стефан Стојковиќ беше најефикасен во македонската репрезентација со 19 поени, а по 10 постигнаа Ќириловски и Иванов.
Ова беше претпоследен тест за младинската репрезентација на Македонија, а последниот ќе го има в петок, исто така против Косово, но во Качаник. Европското првенство Б-дивизија во Ереван се одржува од 11 до 20 јули, а за ерменската престолнина се патува на 9 јули. Дотогаш репрезентацијата ќе тренира во Скопје и ќе се обиде да ја достигне посакуваната форма за настап на континенталниот шампионат.


