Младинската селекција на Македонија го одигра последниот подготвителен натпревар пред Европското првенство Б-дивизија кое почнува за две недели.
На гостувањето во Качаник, нашите млади кошаркари одиграа нерешено со Косово (69-69) и покрај тоа што настапија ослабени, а и се бореа против судиската тројка. Не играа Луканоски и Зетов, Стојковиќ настапи само во финишот, но и покрај тоа избраниците на Горан Самарџиев можеа да победат ако имаа понормално судење.
Од непознати причини, ако се има предвид дека се работи само за пријателски и подготвителен натпревар, домашните арбитри на нашата репрезентација ѝ досудија дури девет технички грешки. И во такви услови, младинците успеаја да се изборат за поволен резултат за во добра атмосфера да ја дочекаат завршната фаза од подготовките.
Павел Иванов беше најефикасен во нашата репрезентација со 14 поени, а Исак Муареми оствари дабл дабл со 10 поени и 11 скока. Европското првенство Б-дивизија во Ерманија се игра од 11 до 20 јули.


