Женската јуниорска репрезентација со минимален пораз ги заврши контролните натпревари пред Европското првенство Б-дивизија што почнува идната недела.
Иако водеа речиси цел натпревар, кошаркарките на Виктор Петровски загубија со 70-71. На полувреме имаа големи 42-34, но не го издржаа темпото до крајот од мечот што потоа скапо ги чинеше.
Ања Начевска покажа зошто е лидер на овој тим и со 20 поени беше најефикасна во македонската селекција. Се истакнаа уште Колева и Послевска со 16, односно 15 поени.
Во текот на викендот, јуниорките ќе тренираат во Скопје, а кон средината на идната недела заминуваат за Литванија каде се одржува Европското првенство. Шампионатот почнува на 4 јули, Македонија е во групата А, со Шведска, Романија, Германија и Ирска.


