Менаџментот на Њујорк Никс ги изненади навивачите на овој тим откако закажа состанок со Даун Стејли, една од најпознатите колеџ-тренери во САД.
Откако неочекувано го избркаа Том Тибодо и тоа по најуспешната сезона во последните 25 години, Никс најавуваа славно име на својата клупа, но секаде каде што тропнаа, наидоа на затворена врата. Сега се свртеа со Стејли која можеби првпат во својата тренерска кариера ќе води тим од НБА лигата.
The Knicks have reportedly reached out to Dawn Staley regarding their head coaching position, per @KnicksFanTv
— NBACentral (@TheDunkCentral) June 28, 2025
(h/t @Fullcourtpass ) pic.twitter.com/Nnb51mM8RI
Таа работи како тренер од 2000 година, а последните 17 сезони го води колеџ тимот на Јужна Каролина. Во 2021 година потпиша седумгодишен договор за вкупно 22,4 милиони долари со што стана една од најплатените тренери во универзитетската кошарка. Никс треба да ја убедат дека е време за следниот чекор во кариерата – НБА лигата со тоа што ќе го преземе овој клуб.
Сеирџиите веднаш се јавија на социјалните мрежи со шеги дека „ова нема да биде првпат жена да го води тимот на Њујорк Никс“. Алузијата е на филмот „Еди“ од 1996 година во кој познатата Вупи Голдберг глуми тренер на тимот од „Големото јаболко’. Во филмот, свои улоги имаат уште неколку познати кошаркари од тој период како Денис Родман, Марк Џексон, Гери Пејтон, Џон Старкс, Владе Дивац, Ејвори Џонсон, Магси Богс итн.


