И во петтата деценија од животот, Леброн Џејмс не планира да замине во пензија за што доказ е тоа што пред два дена ја искористи опцијата во договорот со Лејкерс која му носи 52 милиони долари.
Сепак, тоа не значи дека тој со сигурност ќе остане во Лос Анџелес за што зборуваше неговиот агент Рич Пол, предизвикувајќи потрес во НБА лигата. Според него, Леброн иако на 40-годишна возраст, подготвен е да се бори за нова шампионска титула.
„Леброн сака да се бори за трофеј, знaе дека Лејкерс прават тим за иднината и го разбира тоа, но сака уште една титула во својата колекција. Во моментов тој ги разгледува сите опции, во насока на тоа да каде би ја завршил кариерата на најдобар можен начин“, изјави Пол.
Пред Леброн има најмалку четири опции за продолжување на кариерата. Првата е по трет пат во кариерата да заигра за Кливленд со кого освои титула во 2016 година, со оглед на тоа што Кавс последната сезона имаа најдобар ефект во Источната конференција. Можно е да побара трејд во Голден Стејт каде би заиграл со Стеф Кари или да замине во Њујорк кој исто така има добар тим, а и голем пазар. Последната, но и не најмалку веројатна опција е да се пресели во Далас Маверикс каде повторно ќе игра со Ентони Дејвис, со својот поранешен соиграч од Кливленд, Кајри Ирвинг и со првиот пик на драфтот Купер Флег.


