Една недела откако Феникс го трејдуваше во Шарлот, Василије Мициќ повторно е разменет и од денеска е член на Милвоки Бакс.
Таму е испратен во трејдот во кој во спротивна насока замина Пет Конатон, а Шарлот доби и два пика во втората рунда на драфтот во 2031 и 2032 година. И покрај тоа пто е повторно разменет, никој не може да гарантира дека наскоро Мициќ нема да заврши и во трет тим иако со денешното отпуштање на Дејмијан Лилард, срамежливо се најавува дека не е исклучено да добие шанса покрај Јанис Адетокунбо претстојната сезона.
Интересно е тоа што додека го разменуваат во НБА и никој не сака да го задржи кај себе, Василије Мициќ е еден од најбараните кошаркари во Европа. За него се заинтересирани Црвена Звезда, Олимпијакос, Панатинаикос, Фенербахче и Дубаи кои, сепак, не можат да почнат преговори додека не стане јасна судбината на плејмејкерот во НБА. Таму има сигурни 8,1 милиони долари за претстојната сезона и нормално е тоа што не сака да се откаже од нив.


