Денвер Нагетс во текот на денот се ослободи од Мајкл Портер кого го испрати во Бруклин во замена за Камерон Џонсон, а потоа финализира уште две зделки.
Во Колорадо се врати Брус Браун кој имаше голем придонес во освојувањето на шампионската титула во 2023 година по што Нагетс се засилија со литванскиот центар Јонас Валанчиунас. Тој дојде во Денвер како замена за Даријо Шариќ кој се пресели во Сакраменто Кингс и несомнено ќе биде големо засилување под кошевите.
Валанчиунас е висок 211 сантиметри, колку и Јокиќ, па Денвер сега ќе има „кули близначки“ иако не е исклучено Литванецот да игра кога најдобриот центар во лигата ќе треба да одмора.
Денешните потези можат да бидат најава дека Денвер е решен во новата сезона да влезе максимално засилен и да се обиде повторно да ја освои шампионската титула во НБА.


