Иако Македонија нема победа на женското јуниорско Европско првенство Б-дивизија што се одржува во Литванија, најдобрата наша кошаркарка во оваа генерација Ања Начевска со своите настапи го привлече врз себе вниманието.
На официјалната страница на ФИБА, таа е меѓу 23. кошаркари за кои може да се гласа за МВП на првенството, а во моментов се наоѓа на првото место во гласањето со 23%. Начевска е лидер на оваа генерација, одамна е сениорска репрезентативка на Македонија и само потврдува дека има талент и квалитет за високи достигнувања понатаму во својата кариера.
Во моментов, таа е 18. стрелец на првенството со 59 поени, но е петти скокач со 10,5 скока по натпревар, шести блокер со 2,1 блок и лидер по бројот на дабл дабл натпревари на првенство со три.
За Начевска можете да гласате на овој ЛИНК.


