Машката У20 репрезентација на Македонија денеска ја оствари првата победа на Европското првенство Б-дивизија, совладувајќи ја Грузија со 92-84.
По многу перипетии и водство на нашата селекција и од 23 поени разлика, одлуката падна во последните минути. Грузијците во последниот квартал се доближија на четири поени негатива, во финишот играа мошне агресивно со што ги принудија нашите кошаркари да направат многу грешки во нападот, но во последните моменти, македонската селекција, сепак, славеше важен триумф.
Се беше решено по тројката на Ангел Стојанов на 40-тина секунди пред крајот по која Македонија отиде на недостижни +11.


