Кадетската репрезентација на Македонија вчера и денеска одигра два подготвителни натпревари со Црна Гора, во Скопје.
На двата меча славеа гостите, вчера со 94-72, а денеска со 75-62, но јасно е дека во оваа фаза од подготовките, резултатите не се во преден план. На вчерашниот натпревар, најефикасен беше Гиновски со 14 поени, Сотир 12, Илиев 10, а денеска се истакна Лука Чучанов со 16 поени и 9 скока.
Нашата репрезентација има уште безмалку четири недели до почетокот на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје. Планирани се уште неколку подготвителни натпревари со цел да се подобри формата и да се елиминираат сите недостатоци во играта.


