Пет месеци откако ја загрижи светската кошаркарска јавност поради здравствените проблеми, францускиот центар Виктор Вембанјама доби дозвола да се врати на терените.
Во февруари годинава, на играчот на Сан Антонио му беше констатирано крвно згрутчување во рамото, веднаш беше тргнат од сите активности во тимот, не заигра до крајот на сезоната, а неодамна го откажа и настапот на Европското првенство ова лето. Иако некои побрзаа да прогнозираат дека здравствениот проблем може да му ја заврпи кариерата, тоа, сепак, нема да се случи.
„Официјално добив дозвола за враќање, медицинскиот тим на Сан Антонио ми даде зелено светло. Добро е, конечно ќе можам да играм кошарка“, рече Вембанјама.
Со оглед на тоа што тренинг камповите во НБА почнувата дури во октомври, дотогаш ќе мора индивидуално да работи и да се обиде да го надополни досега пропуштеното.


