Македонската младинска репрезентација оствари мошне важна победа против Швајцарија во четвртото коло од Европското првенство Б-дивизија, а еден од хероите во тимот на Горан Самарџиев беше Ангел Кечовски.
Крилниот играч на нашата селекција имаше фантастично прво полувреме во кое погоди пет тројки по ред и беше најзаслужен што Македонија во еден период имаше високо водство, а на голем одмор замина со предност од еден поен.
На крајот Кечовски, заедно со Стојковиќ, беше најефикасен во македонската репрезентација со 16 поени.


