Македонскиот репрезентативец Ваљмир Какруки летово ја прекина соработката со Чаир и во новата сезона повторно ќе настапува во косовското првенство.
Тој се враќа во Приштина каде веќе настапуваше во својата кариера и треба да биде големо засилување за најтрофејниот тим на Косово. Приштина има 14 титули во првенството и 15 во Купот, но последните сезони го губи чекорот со Трепча, Пеја и Ули, па последниот трофеј го освои во 2019 година.
Какруки последните години е редовно во конкуренција за настап во македонската репрезентација, а се работи за еден од најблагодарените и највредни играчи. И во моментов е на подготовки со националниот тим, пред учеството во претквалификациите за Светското првенство кои се играат во август. Последните две сезони настапуваше во Чаир и беше еден од најдобрите во тимот, а претходно беше член и на косовскиот Башкими.


