Репрезентацијата на Италија ја освои титулата на Европското У20 првенство откако во вечерашното финале на Крит беше подобра од Литванија со 83-66.
Тоа е трета титула за „аѕурите“ во историјата и прва по 2012 година кога триумфираше под водство на сегашниот ѕвезди Амедео дела Вале и Авуду Абас. На шампионатот кој заврши денеска, Италијанците доживеаја само еден пораз, од Германија, а на патот до златото ги победија Исланд, Израел и Србија.
Со овој триумф, Италија се израмни со Шпанија, Франција, Грција и Србија кои имаат по три титули на европските првенства до 20 години. Бронзениот медал го освои Франција која во мечот за третото место ја победи Србија со 73-62.


