Македонската јуниорска репрезентација загуби од Литванија со 62-137 во првото коло од Европското првенство што денеска почна во Белград.
Ова е еден од најтешките, ако не е и најтежок пораз на една македонска репрезентација, без разлика дали се работи за машка или женска конкуренција. Нашите кошаркари изгледаа особено лошо во второто полувреме во кое примија вкупно 78 поени и доживеаја невиден дебакл.
Дека Литванците се максимално расположени за игра можеше да се забележи уште на почетокот, отворија со 7-0, веќе во шестата минута имаа двоцифрена предност (19-9), а по првата четвртина резултатот беше 33-15. Нашиот тим беше делумно рамноправен само во вториот период во кој дури и успеа да намали нешто од високата негатива, но второто полувреме покажа дека Литванците во овој тим се илјадници милји пред нашите кошаркари.
Третина од кошевите на македонската репрезентација (21) постигна капитенот Јаничиќ кој беше и единствен со двоцифрен ефект, но и со најмногу потрошени топки во нападот (8/23 од игра) и убедливо најголема минутажа (над 38 минути).
Шанса да го поправат впечатокот, нашите млади кошаркари ќе имаат утре во дуелот со Грција.


