Јуниорската решрезентација на Македонија доживеа историски дебакл на отворањето на Европското првенство откако загуби со Литванија со 62-137.
Колку и да звучи чудно, тоа не беше најголема разлика на еден натпревар од вчерашната програма на младинските шампионати. Во исто време во Романија се игра Европското првенство Б-дивизија каде е забележан уште еден сличен резултат.
Хрватска вчера ја уништи Норвешка со 129-53 во второто коло од шампионатот и тоа е највисоката победа во текот на вчерашниот ден. Беа забележани уште неколку интересни резултати, како триумфот на Словенија против Белгија со 105-52 и на Полска против Ирска со 107-47.


