Македонската јуниорска репрезентација убедливо го освои последното место во групата Ц од Европското првенство во Белград откако и вечерва доживеа убедлив пораз.
Во третото коло, подобра беше Србија со 89-59, па Македонија со порази од 75, 28 и 30 разлика оди во нокаут фазата. Денешниот меч многу наликуваше на претходните два, нашата репрезентација лошо почна во првата четвртина постигна само осум поени, а на голем одмор замина со негатива од 26 разлика (23-49).
Во продолжение Македонија делумно се стабилизира, третата четвртина дури и ја доби, но и противникот го намали темпото, па на крајот и не беше толку убедливо како што навестуваше првиот дел. Нашите кошаркари има релативно добар шут од дистанца и безмалку две третини од поените постигнаа со шут за тројка. Интересно е тоа што изведоа само две слободни фрлања, а остварија дури 19 скока помалку од противникот (33-52).
Данило Јаничиќ беше најефикасен со 19 поени, а само уште Ѓорѓевиќ беше двоцифрен, со 14.


