Кадетската репрезентација на Македонија ги привршува подготовките за Европското првенство Б-дивизија што од 7 до 16 август ќе се одржува во Скопје.
На една недела пред почетокот, нашите млади кошаркари ја победи Швајцарија со 68-59 во меч во кој апсолутно доминираа. Со исклучок на воведните минути кога гостите водеа со 9-5, македонската репрезентација го диктираше темпото, па на крајот од првата четвртина имаше 18-15, а на полувреме замина со високи 37-26.
Швајцарците во второто полувреме се доближи на пет поени негатива (54-59), но кошаркарите на селекторот Нермин Пепиќ не дозволија пресврт и дојдоа до победата. Ѓиновски и Чучанов со по 12 поени беа најефикасни во македонската репрезентација, а Илиев додаде 10.
На Европското првенство во Скопје, нашата селекција ќе биде во групата Б, заедно со Словачка, БиХ, Полска, Ирска и Кипар.


