Јуниорската репрезентација на Македонија денеска го игра клучниот натпревар на Европското првенство што се одржува во Белград. Последен ривал е Бугарија во мечот за пласман на 13. место. Победникот од овој дуел ќе опстане во елитната конкуренција и таму ќе се натпреварува и догодина, додека поразениот се сели во Б-дивизијата. Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија се игра од 16 часот.


