Македонската јуниорска репрезентација не успеа да обезбеди опстанок во А-дивизијата откако доживеа пораз од Бугарија во клучниот натпревар за пласман.
Бугарите славеа со 90-87, но во последната четвртина се случуваше вистинска драма. Прво противникот направи серија од 17-0 и поведе со 86-70 за потоа нашите кошаркари да вратат со 14-0 и да се доближат на два поена негатива.
Клучниот кош, односно тројка, ја постигна Ивајло Скрински на 18 секунди пред крајот и со неа бугарската репрезентација се одлепи на недостижни пет разлика што за Македонија значеше пораз и испаѓање во понизок ранг.


