Три дена откако го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс, најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ се приклучи на подготовките на својата репрезентација пред претстојното Европско првенство.
Континенталниот првак од 2017 година до пред неколку дена тренираше на Рогла каде Дончиќ не беше присутен, а деновиве ги привршува последните подготовки пред стартот на серијата пријателски натпревари. Засега е нејасно дали кошаркарот на Лејкерс ќе игра в петок во Стожице против светскиот шампион Германија, но секако ќе биде во комбинација за следните тестови. На првиот тренинг беше евидентно дека Дончиќ е во многу подобра физичка состојба во однос на крајот на минатата сезона, со многу килограми помалку и зголемена мускулна маса.
And he’s baaaack! ♥️🇸🇮#mojtim | @luka7doncic pic.twitter.com/yHOLExuyMg
— Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) August 5, 2025
По дуелот против Германија во Љубљана, Словенија в недела ќе му гостува на истиот ривал во Манхајм, а потоа ќе се сретне со Литванија, Летонија, Велика Британија и на 21 август против Србија во Белград како генерална проба за двете селекции.
Словенците имаа проблеми околу составот бидејќи својот настап на Еуробаскетот го откажаа Влатко Чанчар и Џош Нибо, па селекторот Александер Секулиќ остана без двајца сигурни стартери.


