Кошаркарите на Панатинаикос остварија голема победа на гостувањето кај Жалгирис (87-72), но еден потег посебно го одбележа натпреварот во Каунас. Матијас Лесор приреди вистинско шоу, откако со спектакуларно забивање го постеризираше литванскиот центар Јонас Валанчиунас.
Акцијата која ги крена на нозе љубителите на кошарката се случи во завршницата на натпреварот, кога Костас Слукас покажа зошто важи за еден од најдобрите организатори на играта во Европа. Грчкиот плејмејкер со фантастично додавање без гледање (no-look асистенција) го пронајде Лесор, кој се вивна кон кошот и со моќно забивање ја заврши акцијата преку Валанчиунас.
Литванскиот центар се обиде да го запре Французинот, но немаше решение за неговиот налет. Следуваше атрактивно забивање кое предизвика воодушевување и на теренот и на трибините во Каунас.
MATHIAS LESSORT PAR DESSUS JONAS VALENCIUNAS 🤯🤯🤯 https://t.co/TXQ7A6JLwJ
— EuroStep_FR (@EuroStep_FR) November 19, 2026
Лесор средбата ја заврши со седум поени и четири скока, но неговото забивање над Валанчиунас дефинитивно беше моментот за паметење од гостувањето во Литванија.


