Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов и во новата сезона ќе игра во Турција, но ќе ја смени средината.
Од тимот на Џеди Осман, 28-годишниот плејмејкер ќе се пресели во Газијантеп кој исто така се натпреварува во Втората лига на оваа земја. Со клубот веќе потпиша договор на една сезона и ќе го зголеми бројот на екипи од Турција во кои настапуваше во својата кариера. Почна во Галатасарај, па играше во Јешилгиресун, Трабзон, Беледије, Петким, Коња и Капакли.
Газијантеп минатата сезона ја заврши на седмото место во основниот дел, но потоа беше елиминиран во четвртфиналето од плејофот за пласман во Првата лига.


