Претстојниот викенд на Кипар се игра силен меѓународен турнир на кој покрај домашната репрезентација, ќе настапат уште Србија, Грција и Израел.
Според програмата, утре требаше да се судрат Србија и Грција, односно нивните најголеми ѕвезди Никола Јокиќ и Јанис Адетокунбо. До тоа, сепак, нема да дојде бидејќи грчката суперѕвезда го откажа својот настап од засега непознати причини.
Селекторот Василис Спанулис ќе мора да ја кова стратегијата без својот најдобар играч, но јасно е дека Адетокунбо ќе биде со екипата на претстојното Европско првенство кое почнува на 27 август.


