Светскиот шампион Германија славеше убедлив триумф со 103-89 на гостувањето во Словенија, а еден од моментите што го одбележаа пријателскиот меч беше инцидентот што се случи на почетокот од втората четвртина.
Германскиот репрезентативец Кристијан Андерсон истрча контранапад и се обиде атрактивно да забие, но противничкиот кошаркар Рок Радовиќ на груб начин му стави до знаење дека нема лесни поени дури и на ваков натпревар. За среќа, не дојде до тешка повреда, но ситуацијата предизвика конфликт меѓу Лука Дончиќ и Исак Бонга.
Luka Doncic didn’t let Isaac Bonga’s taunting of his teammate slide 👀🔥 #EuroBasket pic.twitter.com/6PumjNemqz
— BasketNews (@BasketNews_com) August 8, 2025
Двајцата имаа близок контакт кој за среќа, поради брзата реакција на останатите кошаркари, не прерасна во физичка пресметка.


