Три кола, три порази за кадетската репрезентација на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје.
По Кипар и Ирска, денеска подобра од нашата селекција беше Полска која славеше со 93-66, а Македонија со тоа ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето. Победникот беше решен уште во првата четвртина која Полјаците ја добија со 35-11, а нивното најголемо водство на натпреварот изнесуваше 34 разлика.
Александар Сотир со 12 поени беше најефикасен, но и најдобар играч во македонската репрезентација.
Утре е слободен ден на првенството, а в понеделник и вторник, Македонија ја очекуваат последните два дуела, против БиХ и Словачка.


