Без Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ во составот, репрезентацијата на Србија го победи Кипар со 122-55 во вториот меч од турнирот што се одржува во Лимасол.
Селекцијата на Кипар ќе игра на претстојниот Еуробаскет, но само поради тоа што е ко-домаќин бидејќи според квалитетот, очигледно е далеку од европската кошаркарска елита. Србите особено беа доминантни во првото полувреме кое го добија со 66-22, во продолжение се играше во лесен ритам, како на пријателски меч што, во суштина и беше оваа пресметка. Само во третата четвртина, Кипарците постигнаа повеќе од 13 поени (20), но далеку од тоа дека можеа да се изборат за пристоен пораз.
Победата од 67 разлика е најубедлива во историјата на српската репрезентација и покрај тоа што станува збор за пријателски, односно неофицијален меч. Досегашниот рекорд важеше од 2019 година кога го совладаа Филипини со 126-67.
Тристан Вукчевиќ со 24 поена беше најефикасен во српската репрезентација, Копривица додаде 22, а Петрушев 20. Тие тројца заедно постигнаа повеќе од цела кипарска екипа заедно. Тигас со 17 поени го предводеше домашниот тим. Од 20:30 часот се игра последниот натпревар на турнирот, меѓу Израел и Грција.


