Последните два натпревара од претквалификациите ќе бидат формалност за репрезентацијата на Хрватска која веќе обезбеди пласман во следната фаза и покрај тоа што досега одигра само два меча.
„Коцкестите“ имаат биланс 2/0, а помош добија од Данска која денеска како гостин ја совлада Норвешка со 79-70. Немаше сомнение дека Хрватска е убедливо најсилна во ова друштво и дека ќе продолжи понатаму, но работата ја заврши по само два натпревара бидејќи Норвежаните имаат 0/3 и се веќе елиминирани, па ќе играат во првата фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Единствена цел за Хрватите во преостанатите натпревари е да го потврди првото место во групата кое ширум ќе им ги отвори вратите кон Светското првенство. Со лидерската позиција ќе се најдат во групата Е, со Германија, Израел и Кипар, а ако биде меѓу првите три, во следната фаза вкрстува со Летонија, Полска и две селекции од претквалификациската група Ц во која се Холандија, Австрија и Бугарија.
Со второ место, Хрватите одат во групата со Шпанија, Грузија и уште еден претквалификант и потоа вкрстува со Грција, Црна Гора, Португалија и Романија или Унгарија.
Покрај Хрватска, пласман во квалификациите обезбедија уште Данска и Романија, а блиску до учество во следната фаза се уште Унгарија, Австрија и Холандија.


