НБА лигата официјално ја одобри продажбата на Бостон Селтикс кој по 23 години ќе добие нови сопственици.
Зделката ќе изнесува 6,1 милијарди долари, а со неа, нов газд на франшизата станува инвестициската компанија на Бил Чисхолм (Bill Chisholm’s investment group). Чисхолм ќе биде гувернер на Селтикс, а досегашниот сопственик Вик Граусбек ја презема функцијата извршен директор до 2028 година.
Бил Чисхолм и неговата компанија се 15. сопственици на Бостон Селтикс во неговата безмалку осумдецениска историја. Вик Граусбек и конзорциумот кој го предводеше ја имаше франшоизата 23 години што е рекорд на Селтикс.


