Првата ѕвезда на босанската репрезентација Џанан Муса денеска бил итно опериран во Минхен поради повреда на стомачниот ѕид и неговиот настап на претстојното Европско првенство е под голем знак прашалник.
До стартот на шампионатот има уште 12 дена, период за кој новиот член на Дубаи треба да заздрави и да му се стави на располагање на селекторот.
„По болките во пределот на абдоменот пред два дена, Џанан Муса замина на прегледи во Минхен, а таму е востановено дека е неопходна операција и зафатот е веднаш извршен. Прогнозите се позитивни и се очекува тој веќе утре да пристигне во Сараево. Во оваа ситуација, неговиот настап на Европското првенство секако е неизвесен“ објави ПР тимот на Муса.
Босанската репрезентација се наоѓа во групата Ц на Европското првенство чиј домаќин е Кипар, а во неа се уште Италија, Грузија, Шпанија и Грција.


