Репрезентацијата на Србија вечерва оствари убедлива победа против Чешка на турнир во Минхен, но тоа очигледно не го задоволи селекторот Светислав Пешиќ.
Во играта на „орлите“ имаше низа пропусти во првото полувреме, па во два наврата, искусниот стручњак имаше критики за своите кошаркари. Особено тоа се однесува за тајмаутот во првата четвртина кога со погрдни зборови ги нарече противничките кошаркари.
— Ricardo Kaka (@rikardons) August 15, 2025
„На овие индијанци не можеме да им направиме контранапад. Ни поминуваат низ пикенрол како што сакаат. Треба да играме одбрана. Што играте вие?“, викаше Пешиќ по своите кошаркари.
На крајот, сепак, Србија славеше со 113-84 и утре ќе се сретне со светскиот шампион Германија која беше подобра од Турција со 73-71.


