Најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ многу веројатно ќе биде подготвен за настап на Европското првенство што почнува на 27 август.
Денеска играчот на Лос Анџелес Лејкерс доживеа повреда на подготвителниот меч против Летонија, ама првите прогнози се позитивни и велат дека Дончиќ имал среќа. Според нив, тој има контузија на коленото, но тоа не е толкав проблем за да мора да паузира.
Дури, се очекува тој да биде во словенечката репрезентација за последниот тест пред Еуробаскетот кој е закажан за 21 август против Србија во Белград.


