Веќе 68 години, рекордот по бројот на постигнати поени на еден натпревар на Европско првенство го држи белгискиот кошаркар Еди Терес.
Во европски рамки, тој не бил голема ѕвезда, целата кариера, од 1952 до 1964 година ја помина во Сент Жилоаз, бил бисок 183 сантиметри, а својата слава ја достигнал на Европското првенство во Софија, во 1957 година. Белгиската репрезентација тогаш го освоила последното место во групата Д, без победа во дуелите со Унгарија, Романија и Финска.
Продолжила во мини-лигата за пласман од 9. до 16. место каде осум репрезентации играле „секој со секого“. Историскиот меч се одиграл во последното коло кога Белгија се сретнала со Албанија и победила со 90-48, а Терес постигнал 63 поени, бројка што е ненадмината до денес. Благодарение на тој ефект, белгискиот кошаркар бил и најдобар стрелец на тој шампионат, со просек од 23,3 поени.
Најблиску до него во моментов е Лука Дончиќ кој на претходното првенство, пред три години, против Франција постигна 47 поени. Третото и четвртото место се на Никос Галис со 46 и 45 поени, а петтото го делат Мики Беркович, Дорон Џамши и Ненад Марковиќ со по 44.


