Еден од најдобрите литвански кошаркари на сите времиња Арвидас Сабонис не успеа да освои злато со оваа репрезентација, но има европска титула со СССР од 1985 година.
Дебито за Литванија го забележа во 1995 година, на шампионатот во Грција кога и постави рекорд во остварени скокови на натпревар од континенталните првенства. Токму против домаќинот, во второто коло од групната фаза, Сабонис забележа 23 скока што и три децении подоцна е недостижно за останатите кошаркари.
Оваа статистичка категорија на европските првенства е единствена каде и Македонија има претставник во топ-10. Тоа е Перо Антиќ кој на дуелот со Финска во 2011 година оствари дури 18 скока и се наоѓа на делба на шестата позиција.


