Италијанскиот прволигаш Тренто денеска ги почна подготовките за новата сезона, а пред првиот собир го претстави македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски.
Нашиот кошаркар на почетокот на јули потпиша двегодишен договор со Тренто, но тогаш беше во САД, па клубот немаше официјална фотографија со него. Во Италија тој заминува по пет години поминати во НЦАА од кои четири на Вашингтон Стејт и една на Универзитетот Колорадо.
Во меѓувреме Јакимовски ја санира повредата на грбот и ќе може да ги почне подготовките за новата сезона. Своето деби во дресот на Тренто ќе го забележи на 27 септември, во полуфиналето од Суперкупот, против Бреша.


