Голем број репрезентации летово имаат проблеми со своите состави, меѓу нив и македонската, но изговорите кои ги даваат кошаркарите за да избегнат обврски во текот на летото некогаш се многу смешни.
Надвор од наводните повреди кои не можат да се потврдат, има такви кои како причини за неиграњето наведуваат лични причини. Најинтересен е случајот во босанската репрезентација кој го обзнани селекторот Едис Бечирагиќ.
„Тројца кошаркари сакаат да санираат повреди, тројца имаат нови договори и сакаат да се докажат во клубовите, а двајца откажаа поради приватни проблеми. Еден од нив дури ми рече дека мора да оди на свадба затоа што е кум, па му реков дека мора да го сфати значењето на Европското првенство, но тоа не доведе до промена“, откри Бечирагиќ.
Тој не ги објави имињата на кошаркарите, но јасно посочи дека има голем проблем пред Европското првенство. Капак на се е повредата на Џанан Муса кој вчера го откажа својот настап на шампионатот.
„Непријатно не изненади леснотијата со која поединци го откажуваат играњето во репрезентацијата. Јас морам да кажам од моја страна дека ни мојот татко, да е жив, не би го молел да игра“, додаде селекторот на БиХ.
Оваа репрезентацијата се наоѓа во групата во Лимасол, заедно со домаќинот Кипар, потоа Италија, Грузија, Шпанија и Грција.


