Летното засилување на Реал, Давид Крамер нема да игра на претстојното Европско првенство затоа што неговиот нов тим му забрани.
Крамер имаше повреда и од Реал, чиј член стана во текот на летото, доби предупредување дека е подобро да не учествува на Еуробаскетот, со цел да има време да ја санира пред почетокот на новата сезона. Крамер немаше друг избор, освен да го послуша „советот“ и го откажа настапот на шампионатот кој почнува в среда.
Со неговото отсуство, Германците ќе бидат ослабени за еден квалитетен шутер и играч во одбрана, но и еден од освојувачите на златниот медал на Светското првенство пред две години.


