Репрезентацијата на Франција со максимален ефект од подготовките го очекува стартот на Европското првенство.
Вечерва „триколорите“ ја победија Грција со 92-77 во последниот тест пред стартот на шампионатот и со максимален ефект (5/0) ќе патува за Полска во која група се наоѓа. Резултатите во овие подготовки дополнително добиваат на значење ако се знае дека Франција направи голема промена на генерациите, во составот не се неколку искусни кошаркари, како и Виктор Вембанјама, за сметка на „новиот бран“, а резултатите сепак не трпат.
Гостите на овој меч ја имаа контролата над резултатот во текот на сите 40 минути и го одбија секој напад на противникот. Се очекуваше притисок во последниот период, но до него не дојде и Французите мирно го приведоа мечот кон крај.
Се истакнаа Маледон со 16 и Јабуселе со 14 поени, додека кај Грците, Јанис Адетокунбо постигна 20 поена, но играше 22 минути.


