За неполна недела, Црвена Звезда остана и без трет српски кошаркар откако денеска клубот официјално соопшти дека ја прекинува соработката со Немања Недовиќ.
Такво нешто беше најавено уште минатиот месец откако претходно имаше информации дека двете страни постигнале договор за продолжување на соработката. Недовиќ си оди по вкупно седум сезони поминати во матичниот клуб во кој ја почна професионалната кариера во 2008 година, настапуваше четири години, а се врати во 2022.
Во меѓувреме играше во Валенсија, Уникаха, Олимпија Милано, Ритас и Панатинаикос, но и во НБА лигата каде беше член на Голден Стејт. За Звезда одигра вкупно 315 натпревари и постигна 3.042 поени со што е еден од најефикасните во историјата на клубот.
Пред Недовиќ, од Звезда си заминаа уште Бранко Лазиќ и Лука Митровиќ, а по завршувањето на минатата сезона и Милош Теодосиќ и Филип Петрушев. Не е исклучено во следниот период да си оди уште некој, пред се Дејан Давидовац кој е далеку од посакуваната форма и не успеа да обезбеди место во српската репрезентација на Европското првенство.


