Женската кадетска репрезентација на Македонија со биланс 0/4 ја заврши групната фаза од Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Истанбул.
По поразот од Грција на стартот (47-76), нашите млади кошаркарки загубија и од Бугарија (62-80), Литванија (43-89) и Украина (40-71), па во финишот од шампионатот ќе се борат да го избегнат дното во генералниот пласман. На првенството учествуваат 19 репрезентации, а Македонија ќе се бори за пласман од 17. до 19 место.
Во мини-групата, нашата селекција ќе игра со Азербејџан и Ирска, аа дуелите се на програмата в четврток и петок. Азербејџан и Ирска исто така беа без победа во групната фаза од првенството.


